Декември,
2016
Со
сите рани Свои за сè
слатко рани ме,
за
љубов кон Тебе!
О,
Господи, нема ли да ми дозволиш мене, на
Твојот слуга, да се помолам пред Тебе
да му дадеш на нашето срце семе, и на
разумот наш очистување, за да даде плод,
од кој би можел да живее секој распадлив,
што ќе го носи името човек? 3
Ездра 8.6
Во
ноќта во која шумниот звук на океанот
го надвишуваа моето молење, Тебе Ти
зборувам. Крај овие брегови постои мир
кој ублажува. Бучното шумење на брановите
по малку ме плашат, но не затоа што се
плашам по природа туку заради тоа што
душата ми е мачно нажалена. Дали Си во
Тивкиот ветар или во овој океански шум
не знам, но Ти имаш Свој начин да ме
слушнеш. Далеку сум од Тебе. Далеку сум
од благолепието на Твојот дом. Далеку
сум од себе. Воскреснуваат ли вечерва
зборовите? Се распукува ли патот до
срцето зашто многу го ранив, а неговите
солзи мелат сé
пред нив? Последните неколку денови се
плашев да Ти се обратам со своите редовни
моленија. Колку повеќе тоа го чинев,
толку ја ранував душата. Вечерва, таа
не издржа зашто се оддалечував од Тебе.
Солзите течат, но овој пат и ќе печат
зашто сето мое битие Те бара. Ти си
Единствениот кого што најмногу го сакам.
Ти си единствениот кого што од детинството
свое Те љуби. Твоето отсуство за мене е
болка до срце. Со своите дела, бурните
години сакаат да ме оддалечат од Тебе.
Борбата е тешка и често губам. Во оваа
вечер, сакам да ти речам нешто: Те молам
не заборавај дека многу Те сакам! Ти си
ми сè! Ти си мојот сладок Исус со кого
што ќе се фалам и оправдам. Знаеш дека
не катадневно, ниту пак минутно, но во
секоја секунда од моето битисување Те
носам и мислам на Тебе.
Имам
толку многу да Ти кажам колку Те сакам, но не можам да го искажам. Љубовта
невозможно е да се опише. Невозможно е
да не Те љубам. Ако тагувам, по Тебе
тагувам. Навистина едиствената личност
на кого што вистински му имам кажано
“те љубам,” си Ти. Знам дека го знаеш
тоа, а мене пак ми е благо на душата уште
еднаш тоа да Ти го кажам. Човек сум и
одвреме-навреме имам потреба да ти ги
искажам моите чувства. Кога размислувам
за Тебе и за Твоето човекољубие, очите
ми стануваат повесели од виното и забите
побели од млеко (1 Мој 49.12). Милоста Твоја
е голема зашто ми го спасуваш животот,
ја чуваш душата да не се зацрни од
прегрешенија. Видов колку и да го
одложувам своето покајание, својата
внатрешнина не дозволува за долго, туку
се распукува и бара да Ти принесам чиста
бескрвна жртва, како оваа: “прости ми,
согрешив Оче!” Со тага во адот ќе појдам,
но срцето и умот нема да ги дадам. Барам
од Тебе во добрите дела да станам силен
како Нимрода. Да бидам ловец на добри
дела – ете, тоа ќе ме исполнува низ
животот свој. Кој е добар ловец пред
Бога како Нимрод? Која душа е блажена
заради постојаната и чиста љубов кон
Бога?
Секојдневно,
во новите утра кога се будам, кога ги
отварам очите и ја гледам светлината
на денот, влегувам со насмевка во мојот
нов почеток, во мојата нова пролет. Убаво
е кога во утрото на моето будење Те
поздравувам со “добро утро!” Пријатно
е кога знам некој има покрај мене, Кој
се грижи за мене, Кој ме љуби. Силата на
животот тече во моите вени. Дури и кога
нивното телесното течение ќе застане,
по Твојот благослов, нека течат духовните.
Кога тие ќе течат, тогаш душата моја ќе
Ти воздава пофалба, па ако е можно и
заедно со ангелите да ја пее Трисветата
песна. Ме хранеше во пустињата, ме
смируваше во скрбта своја. Пак и пак, со
своите гревови влегувам во Египет, каде
што станувам роб на тој народ, а Ти душата
моја ја бараш за да ја изведеш оттаму и
да ја населиш во ветената земја каде
што тече мед и мледо. Таа е богата земја,
со убави полиња и планини и чисти води.
Колку е мизерно, Боже, тоа што Ти ме
доведе до таа земја, а јас пак се враќам
во онаа другата. По словата на Твојот
угодник, старец Силуан, ако е невозможно
да живеам потполно како христијанин,
дозволи ми барем да издивнам како
христијанин. Ќе и биде пријатно на душата
ако ги запише Твоите заповеди над вратата
на домот за катадневно да се потсетува
и да ги исполнува Твоите повеленија.
Победата и спасението се од Тебе. Големи
води, бурни ветришта, ниту реките не
можат да ја угаснат љубовта кон Тебе.
Сè додека устата моја може да говори,
ќе Те благословува. Не давај да претрпам
бродолом во верата зашто преку неа се
крепам, утврдувам, смирувам. Таа ме учи
на надеж во Тебе, Кроткиот и Смирениот
Син Божји.
Ти
си богат во љубовта. Ти не избавуваш од
гревот што доаѓа. Тој пуст грев, син на
лошиот, не му дава одмор на моето тело.
Ми се чини доколку би ги броел стрелите
негови, не би ги избројал. А зошто се
плашам? Зошто стравувам? Зар Ти не ја
победи смртта? Нели ги сотре вратите на
адот за кога солзите ќе се леат, да бидат
оправдани пред Тебе? Да. Да. Да. Воскресна
за да ми кажеш колку ме љубиш и дека тие
ѓаволски стрели не се ни малку посилни
од Твојата љубов, од Твојата закрила.
Мислам дека постепено почнувам тоа да
го разбирам. Животот во Тебе, во Црквата,
ми покажува колку е блажено да се живее
со Тебе, преку Тебе и во Тебе. Никогаш
нема да престанам да Ти говорам колку
Те љубам. Многупати Ти досадувам и
лелекам, но на кого да ја кажам тагата
своја ако не Тебе? Понекогаш знам да се
надевам на синовите човечки и секој пат
кога го чинев тоа, тагата ми стануваше
двојна. Научи ме кога барам, да барам,
но надежта да не ја полагам на нив. Срцето
мое не мрази, но понекогаш има гнев кон
ближните. Прости ми за тоа. Не сакам да
бидам таков. Научи ме безусловно да
љубам. Уште Те молам засили ја мојата
вера во небесните ветувања и преку
Пресветата, Преблагословена и Славна
наша Владичица, Богородица, сочувај не
додека туѓинуваме на земјата. (Бог.псалм
121, 124).
Воздигни
ги душите на Твоите чеда кон возвишена
љубов. Таму, таа љубов никогаш не згаснува
зашто од Тебе извира и тој извор никогаш
не пресушува. Ах каква чистота, какво
бисер на љубов! Често размислувам: кога
овде на земјата е убаво: јадеме вкусна
храна од благата на земјата, ја гледаме
природната убавина на овој свет и истата
има сила да не опијани со нејзината
убавина, радостите низ секојдневието,
колку ли повеќе Боже е убав рајот? Те
молам откриј ми ја таа убавина. Чудесен
си! Убав е воздухот, но уште поубав е
Твојот, божествениот...
Уште
Те молам направи ме да бидам усовршен
и совршено подготвен во секое добро
дело, а кога ќе заминам, да заминам барем
со еден плод во раката. Со една лампа во
која огнот (на верата) кој го таам на
земјата, да продолжи да гори и онаму.
Верни
се словата на мојата уста! Како човек
запишував, но срцето ги создаваше. Прими
ги љубовните слова и послушај! Приведи
ме во небесната татковина на вечната
љубов, зашто љубовта Твоја до болка
пече!
Душо,
касни ја смислата и проголтај ја мудроста.
3 Ездра 8.4
Чудесен
си, Боже!
Благослови!